< Назад

Идризи Бесфорт

Биографија: (Скопје, 03.04.1985 - ) Актер, режисер и педагог.
Во 2007 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, отсек драмски актер, а во 2014 магистрирал театарска режија. Во 2015 година магистгрирал Медиумски стратегии на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово.
Од 2007 работи како доцент на ФДУ, на предметот сценски говор и техника на глас, а од 2008 година е вработен како актер во ансамблот на НУ Албански театар во Скопје. Основач е и прв директор на НУ Албански театар за деца и младинци во Скопје.
Настапувал во голем број театарски претстави, филмови и ТВ серии.

Филмови: 1999: СТАРО КУПУВАМ, актер, Наше Маало продукција
1999: КАЈАК ЗАЈАК, актер, Наше Маало продукција
2005: СЕ ВРАЌАМ ВЕДНАШ – ГОДО, актер, МРТ, ЗДФ – Германија
2005: КАРАУЛА, актер, Рефреш продукција, Сараево и Сектор Филм, Скопје
2006: ДРУГАРИ, актер, Вала 900, Косово
2006: СЕНКИ, актер
2007: ВРЕМЕ НА КОМЕТАТА, актер, Lara enterprises
2016: РАЗГОВОР ЗА ЖИВОТОТ, актер

Филмографија:

2003: Приказни за љубовта и свршувањето ( Актер, )
2015: Децата на мојот татко ( Актер, )