Биографија: (Скопје, 30.10.1930 - Белград, 13.09.1989) Филмски режисер и сценарист. Студирал историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград. Од 1968 година работи на Академија за театар, филм, радио и телевизија во Белград, прво како хонорарен предавач, а потоа како редовен професор по филмска режија, два мандати бил и декан на Факултетот за драмски уметности и проректор на Универзитетот за уметност. На филм почнува да работи од 1949 година како асистент-режисер, а потоа како режисер на Филмскиот месечник на „Авала филм“. Првиот документарен филм „Секогаш внимавај“ го режира 1952 година, а на игран филм како режисер започнува да работи со „Медаљон со три срца“ (1962). По филмот „Каде по дождот“ (1967), остварен по сценариото на Јован Ќирилов, продолжува со краткометражни филмови. Работи и како режисер и корежисер на телевизиските серии: „Ѓаволски скали“, „Цел живот за една година“ и др. За својата работа на филмот, неколку пати на ФЈИФ во Пула е добитник на наградата Сребрена арена, како и на други фестивалски награди и признанија и на Октомвриската награда на градот Белград.
Филмографија:
1967:
Каде по дождот
(
Режија,
)