< Назад

Каде по дождот

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: слободна тема

Род: Игран филм

Времетраење: 91 минути

Тип: Филмска лента

Техника: виставижн

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1967

Содржина: Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот. Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, во една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче. Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа. Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа... време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.

Награди: 1967 МФФ, Авелино, добитник на наградата „Лацено д'Оро“

Автори:


Други улоги:

Ладо Лесковар


Други соработници:

светло -- Ивица Хабазин
помошници режисери -- Владимир Басара
маскер -- Мирко Мачкиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
монтажа на тон -- Бранка Михиќ
финансиски раководител -- Благоја Кондратјук
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
асистент монтажер -- Вера Михаиловиќ
асистент сценограф -- Миладин Аранѓеловиќ
реквизитер -- Благоја Каргов
адаптација на дијалози -- Јован Бошковски
танцова музика -- ВИС „Златни дечаци“

Постер:

Фотографии: