Биографија: (Скопје, 12.08.1922 - Белград, 10.08.1983) Филмски режисер, сценарист, сликар, новинар. Семејството Нановиќ во Белград доаѓа во 1927 година и тука Војислав го завршува основното и средното образование. За време на војната е активен во движењето на отпорот.
По војната Нановиќ се запишува на Ликовна Академија, но по директива на Партијата оди во Новинарска политичка школа, а потоа работи како новинар во Политика. Од 1945 работи како редактор во „Филмски новости“ и наредната година започнува да пишува филмски сценарија за документарни филмови и ги режира документарните филмови „Парада на победата“ (1946) и „Словенски конгрес“ (1946). Во 1948 го режира првиот игран филм „Бесмртна младост“. Во 1952 го режира својот трет игран филм, првиот македонски игран филм ФРОСИНА. Од 1963 година живее и работи во САД, каде работи за ТВ компанијата АБЦ, а потоа формира сопствена филмска компанија за наменски филмови Film Editing Service. Кон крајот на седумдесетите се враќа во Југославија каде повторно работи наменски документарци. Во четириесет годишната кариера како режисер снима осум играни филмови и триесетина краткометражни документарни и наменски филмови.
Филмографија:
1952:
Фросина
(
Режија,
)