Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: социјален
Род: Игран филм
Времетраење: 79 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1952
Содржина: Фросина е една од многуте измачени македонски печалбарски жени, кои со мажачката не го добиле вистинското семејно огниште, туку се обремениле со сите проблеми што ги носи животот. По краткотрајните престои на мажот дома, таа раѓа деца кои поради сиромаштијата се кусовечни. Фросина е сама и кога ги раѓа и кога тие умираат. Единствено Климе, нејзиното последно дете, ги совладува сите болести што ги демнат децата и расте пред очите на Фросина како нејзина последна и единствена радост. Доаѓа војната. Климе заработува ловејќи риба со постарите рибари. Тоа е момче со сите манифестации својствени на неговата возраст. Неговата љубов останува залудна поради различните социјални средини на кои им припаѓаат тој и неговата сакана. Средбата со ранетиот партизан Крсте прави од Климе, дотогашен пасивен симпатизер, активен учесник во борбата против окупаторот. Мајката Фросина останува сама, во постојан страв за животот на синот. Доаѓа и денот кога партизаните влегуваат во градот. Со нив е и Климе, кој доаѓа да ја види својата мајка. По неговото заминување, Фросина ја забележува крвта на своите раце и го бара низ градот, на чии улици се водат борби. Тешко ранетиот Климе умира на рацете на мајка си. Борците заминуваат. Мајката Фросина останува сама во својата болка.
Автори:
Други улоги: Перица Цветковски Лидија Дебарлиева Други соработници: диригент -- Трајко Прокопиев музиката ја изведува -- оркестарот на Македонската филхармонија водач на снимање -- Драгослав Радојчиќ асистент снимател -- Нико Буклевски; Благоја Прличков асистент сценограф -- Бранко Савиќ шминкер -- Иван Лалиќ светло -- Арса Ровнар; Трајче Саздов изведувач -- Диме Шумка регистратор -- Лидија Дебарлиева
Фотографии: