Биографија: (
с. Жван, Демирхисарско, 7.01.1942 - ) Македонски писател. Започнува да работи во весниците „Студентски збор“ и „Трудбеник“, а потоа и во редакцијата на „Млад борец“. Во 1963 година се вработил во „Нова Македонија“, каде работел две години, најпрвин како филмски критичар, а потоа и како репортер од областа на културата. Во 1970 година бил на повеќемесечно патување во Австралија и Канада, а во 1971 година дипломирал југословенска книжевност на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1975 година повторно заминал во Австралија, каде раководел со екипата што го снимила документарниот филм „Австралија, Австралија“ според неговото сценарио. Павловски бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Во 1996 година, Павловски станал главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Бил редовен член на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија. Живее и работи на релација Скопје-Мелбурн.
Филмографија:
1976:
Австралија, Австралија
(
Сценарио,
)