< Назад

Австралија, Австралија

Производство: Вардар филм - Скопје

Род: Документарен филм

Времетраење: 82 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1976

Содржина: Филмот го одразува животот на македоните иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои пак постојано остануваат со дилемата за своето враќање. Преку личните искажувања и метафоричната дескрипција на севкупниот живот во новото опкружување, изразена со мозаични филмски експресии, се запознаваме со работата на македонските иселеници, едукацијата на нивните деца, црковните свечености какви што се крштевките и венчавките, но и смртта како неизбежен дел од човековото битисување.

Награди: 1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд Приџ „Голем златен медал“ за Столе Попов 1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката 1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“ 1976 Југословенски кандидат за Оскар 1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски

Автори:


Фотографии: