Биографија: (Скопје, 25.4.1969 - )
Драмски писател, филмски и телевизиски сценарист.
Во 1991 година дипломира на отсекот за драматургија на Факултетот за драмски уметности во класата на проф. Горан Стефановски. Сега е на постдипломски студии по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Работел како драматург во Македонската телевизија. Работи како асистент по филмско и ТВ сценарио на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Првиот драмски текст „Балканска“ го пишува во 1986/87 по којшто следуваат уште многу други, а еден од неговите текстови „Балканот не е мртов“, поставен во Битолскиот Народен театар во 1992, е награден како најдобар текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, 1993.
Пишува и филмски и телевизиски сценарија.
Филмографија:
1993:
Светло сиво / Ѓавол во срцето
(
Сценарио,
)
1993:
Светло сиво / Прекрасен свет
(
Сценарио,
)
1993:
Светло сиво / Птицата Урубу и девица
(
Сценарио,
)
1998:
Буре Барут
(
Сценарио,
)
2003:
Како лош сон
(
Сценарио,
)
2013:
Балканот не е мртов
(
Сценарио,
)