< Назад

Манев Коле

Биографија: (Бапчор, Костурско, Егејска Македонија, 05.04.1941 - Скопје, 22.01.2025) Познат македонски сликар и филмски работник.
Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

Филмографија:

1977: Тулгеш ( Режија, Сценарио, )
1984: Црно во црно ( Режија, Сценарио, )
2019: Еко-Скоп ( Режија, Снимател, Сценарио, )