Производство: Дигитпроп
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: Игран филм
Времетраење: 90 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Филм за проклетството на еден мост, кој предизвикува многу кавги, недоразбирања и убиства меѓу населението кое се обидува да го користи.
Дејството на филмот се одвива „некаде во Македонија во некое време....“ и е во четири дела: АМАНЕТ, ПРВА ЖРТВА, ВТОРА ЖРТВА и ПРИКАЗНИ И ЛЕГЕНДИ.
Пројо е младо момче, војник, кое се враќа дома по три годино во војна. По патот наидува на група зулумџии, како на мостот го малтретираат Тимотеј. Тој сака да помине преку мостот со своите деца, но вооружената група не дозволува. Пројо го брани семејството на Тимотеј и погледот му застанува на убавата Благуна, ќерката на Тимотеј. Тие двајцата се вљубуваат еден во друг. Пројо доаѓа во својот дом, кај тетка му и татко му. Мајка му на Пројо е умрена а татко му, Манојле, бил главен мајстор при изградба на мостот.
Различни приказни кружат меѓу населението, околу изградбата на мостот и зошто група вооружани (луѓе на Комнен), не дозволуваат да се поминува. Луѓето веруваат дека мостот е проколнат. Дење го граделе а ноќе се уривал. Во темелите место јагне, закопале жива девојка. И тоа погрешна девојка. Љубената на Комнен. Затоа тој оставил аманет, да не се поминува по мостот. Но, оставил доволно пари да се изгради друг мост. Една друга легенда вели дека Камелија, жената на Комнен, била закопано во темелите на мостот. Која од овие приказна да е вистинита или измислена се пренесува од колено на колено со генерации.
Напишано од Лидија Кировска
Автори: