Биографија: (Кронцелево, Егејска Македонија, 15.03.1935 - Скопје, 13.04.2012) Писател и сценарист. Во поранешна Југославија дошол во 1946 година, за време на Граѓанската војна во Грција. Најнапред живеел во селото Долнени во околината на Прилеп, а потоа во селото Ѓаково близу Сомбор. Нижа гимназија завршил 1952 година. Потоа се враќа во Скопје и таму завршува гимназија. Студира на Филозофскиот факултет во Скопје. Работи како новинар во весникот „Млад борец“, како уредник во списанието „Современост“, во Радио-телевизија Скопје и во издавачкото претпријатие „Мисла“ и како главен и одговорен уредник на издавачкото претпријатие „Македонска книга“. Член е на Македонската академија на науките и уметностите. Пишува романи, раскази, радио-драми и сценарија за играни филмови. Добитник е на повеќе награди и признанија. Наградата 11 Октомври ја добива за романот „Ѕидови“; за романот „Црно семе“ ја добива тринаесетоноемвриската награда на градот Скопје; две награди (Стале Попов и Кочо Рацин) понесува за „Црвениот коњ“ и за романот „Време на молчење“, а добитник е и на Рациново признание.
Филмографија:
1967:
Мементо
(
Сценарио,
)
1967:
Лифт горе, лифт долу
(
Сценарио,
)
1971:
Црно семе
(
Сценарио,
)
1981:
Црвениот коњ
(
Сценарио,
)
1997:
Преку езерото
(
Сценарио,
)