< Назад

Мементо

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: психолошки

Род: Игран филм

Времетраење: 97 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1967

Содржина: Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е после неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.

Автори:


Други улоги:

Ѓорѓи Робев
Радмила Станоевиќ
Мирјана Талевска
Коста Џековски


Други соработници:
идеја -- Димитрие Османли
диригент -- Бојан Адамич
автор на „Рапсодија за Скопје“ -- Александар Џамбазов
музиката ја изведува -- Словенечката филхармонија
музички соработник -- Тимотие Стеванов
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
шминкер -- Лејла Манџука
асистенти сниматели -- Миле Ивановски; Ристо Буклевски
асистент монтажер -- Вера Михаиловиќ
финансиски раководител -- Благоја Кондратјук
помошник режисер -- Душан Зега
избор на документарни инсерти -- Светолик Митиќ

Постер:

Фотографии: