< Назад

Кули Скендер

Биографија: (Струга, 1933 - 1978) Филмски и телевизиски монтажер и тон-снимател. Завршува Средна филмска школа во Белград, а потоа, во 1975 година дипломира албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1958 работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје како асистент тон-снимател и асистент-монтажер. Во 1963 година својата работа ја продолжува во МРТВ, најпрво како филмски монтажер, а од 1965 година како режисер на документарната програма и на спортски директни преноси. За својата професионална дејност во МРТВ, добитник е на повеќе награди и признанија.

Филмографија:

: Скопје по земјотресот од 26 јули 1963 ( Монтажа, )
1960: Прилепски тутун ( Асистент тон снимател, )
1960: Во долината на цветовите ( Асистент тон снимател, )
1960: Шарпланинецот Мургош ( Асистент тон снимател, )
1960: Погон 3 ( Асистент тон снимател, )
1961: Мирно лето ( Асистент тон снимател, )
1961: Дојранско езеро ( Асистент тон снимател, )
1961: Птици и риби ( Асистент тон снимател, )
1962: Граница ( Асистент тон снимател, )
1962: Охридска пастрмка ( Асистент тон снимател, )
1967: Тито во Охрид ( Монтажа, )
1971: Придружници ( Монтажа, )
1971: Тито во Македонија ( Монтажа, )
1971: Помеѓу два Илиндена ( Монтажа, )
1978: Железниот преграб ( Режија, )
1979: Ракувања ( Режија, Сценарио, )