Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 12 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1962
Содржина: Според однапред договорениот ден и место, границата помеѓу две земји, ФНРЈ/НР Македонија и НР Бугарија, се отвора за еден ден. Овој пат не се потребни патни и други документи за да се видат роднините и пријателите од двете страни на границата. Тоа е уште една можност за средба или уште еден обид да се појде во трага по разделените. Тој ден носи многу тага во себе, за старите, тоа ќе биде можеби последна средба, мајката веќе никогаш нема да го најде синот. Денот минува и границата е повторно тука, со сета своја сериозност.
Награди: 1963 ФЈДКФ, Белград, Трета награда за режија
1963 ФЈДКФ, Белград, Златна плакета за камерата на Мишо Самоиловски
Автори:
Други соработници:
асистент режисер -- Илија Филиповски
соработници -- Р. Мицкова; К. Петровски