Биографија: (Скопје, 26.11.1950 - )
Филмски и телевизиски монтажер и режисер.
Дипломира на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Како аматер и волонтер на монтажа, започнал да работи во „Вардар филм“ и во РТВ Скопје. Активно почнува да се занимава со филм 1976 година во „Вардар филм“ како асистент монтажер на играниот филм „Најдолгиот пат“, а самостојно како монтажер 1977 година на филмот „Исправи се, Делфина“. Од 1978 започнува да работи во РТВ Скопје како монтажер и режисер на документарни и телевизиски филмови.
За својата работа има добиено значајни награди и признанија, меѓу кои е и наградата за документарниот филм „Камен“ на Фестивалот на ЈРТ во Неум и во Загреб.
Филмографија:
:
Силно светнал ден
(
Монтажа,
)
1976:
Најдолгиот пат
(
Асистент на монтажа,
)
1977:
Исправи се, Делфина
(
Монтажа,
)
1977:
Агрокомбинат „Тиквеш“
(
Монтажа,
)
1979:
Ракувања
(
Асистент тон снимател,
)
1980:
Оловна бригада
(
Асистент на монтажа,
)
1982:
Вангел Наумовски
(
Монтажа,
)
1983:
Потера
(
Режија,
Монтажа,
Сценарио,
)
1984:
Хуаскаран - Анди '82
(
Монтажа,
)