Биографија: (Велгошти, Охридско, 13.08.1935 - Охрид, 11.08.1987) Прозаист, романсиер, драмски писател и филмски сценарист. Во Скопје завршува Филозофски факултет, група Југословенска книжевност. Најпрво работи како новинар во „Млад борец“ и ТВ Скопје, а подоцна е директор на драмата во Македонскиот народен театар, како и директор на Македонскиот народен театар. Последните денови од своето професионално работење ги поминува како советник во Републичкиот комитет за култура. Првата книга раскази „Пасквелија“ ја објавува 1962 година. Потоа следуваат и други книги раскази и романи. Неговите драмски текстови не остануваат незабележани, а „Ѕидот, водата“ (1976), адаптација на неговиот роман „Големата вода“, побудува голем интерес на Малите и експериментални сцени во Сараево и на Стерино позорје во Нови Сад каде што претставата е наградена со главна награда. Интересот за филмски сценарија му се појавува во 1971 година, кога го пишува сценариото за македонскиот игран филм ЖЕД. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски. Добитник е на наградите: 11 Октомври, Рациново признание, Први мај и Стериина награда.
Филмографија:
1971:
Жед
(
Сценарио,
)
1971:
Поле
(
Сценарио,
)
1988:
Пчеларник
(
Сценарио,
)