< Назад

Жед

Производство: Филмско студио - Скопје; Македонија филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 84 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1971

Содржина: Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја обезбедуваат испраќајќи ги мажите на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Од далечниот планински извор водата ја носи водоносецот Марко, кој е вљубен во сиромашната девојка Кате. Нивната врска нема перспектива поради исклучителната сиромаштија во која живеат. Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања. Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува. Враќањето на остарениот печалбар Трендафил, вујко на Кате, претставува своевиден настан за животот на селото. Судбината на многумина во селото зависи од „богатството“ на вујкото кој се врати од Америка. Внуката Кате се надева дека ќе и биде овозможено да се оствари нејзината љубов кон водоносецот Марко и желбата да има свое семејство. Интерес покажува и учителката Елица, сметајќи дека парите од стариот печалбар ќе значат излез за бегство од селото. Но, место за надеж нема, бидејќи Трендафил се враќа од Америка без печалба. Надежите на многумина се изневерени. Кате останува сама, бидејќи Трендафил заминува на печалба; Елица се соочува со уште едно разочарување, а стариот печалбар умира осамен и презрен од сите.

Награди: 1971 ФФ, Ниш, Награди за актерите Ацо Јовановски и Неда Спасојевиќ

Автори:


Други улоги:

Коста Џековски
Мелихат Ајети
Блашка Дишљенковиќ
Лиљана Баковиќ

Други соработници:

сликар -- Петар Георгиевски
шминкер -- Марија Миленковиќ
асистенти сниматели -- Ј. Петровски; Д. Таневски
асистент монтажер -- Борис Мирчевски
пиротехника -- Д. Живковиќ
фотограф -- Ѓоко Поповски
гардеробер -- Т. Станковски
реквизитер -- З. Петковски
мајстор изведувач -- Младен Крстевски
светло -- Ј. Јелиќ
администратор -- М. Крстев
драматуршка обработка -- Душан Зега
секретар режисер -- Саша Маркус
водач на снимање -- Звонко Баковиќ

Постер:

Фотографии: