< Назад

Стефановски Илко

Биографија: (Битола, 04.11.1952 - Битола, 06.12.2011) Македонски театарски и филмски актер, првенец на Битолскиот народен театар. Факултетот за драмски уметности го завршил во 1976 година во Скопје. Добитник е на голем број награди речиси на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Настапувал и во радио и ТВ драми, драмски серии и др. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, а учествувал и во проекти надвор од неговата матична сцена.

Филмографија:

1992: Време, живот ( Споредна улога, )
1993: Македонска сага ( Споредна улога, )
1994: Пред дождот ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Споредна улога, )
2013: Трето полувреме ( Споредна улога, )