< Назад

Збогум на 20-тиот век

Производство: Мирко и Славко - Прва партизанска продукција - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: фантастичен

Род: Игран филм

Времетраење: 87 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1998

Содржина: Филмот „Збогум на 20-тиот век“ е жанровски комбиниран филм. Со своите футуристички, постмодернистички и ирониско-пародиски жанровски обележја, филмот претставува еден полижанровски конципиран филм, со крајна цел сакајќи да промовира еден нов и релативно поинаков пристап од оние во македонскиот филм претходно. Филмот е константно проткаен со разни библиско-митолошки теми и мотиви, па мотиви од народното творештво, како и со разни цитати и парафрази од целокупната светска филмска историја наназад, полесно или потешко препознатливи во ткивото на филмот. Самите автори тврдат дека се работи за оформување, раѓање на еден релативно спечифичен и нов жанр, што тие го нарекуваат ethno-groovy. Структурно и временски, филмот е поделен на три дела, рамковно врзани во една поголема, релативно релаксирана целина. Првиот дел е лоциран во една релативно блиска, претпоставена иднина. Футуристичкиот карактер жанровски доминира во овој дел од филмот. Основната приказна е базирана врз повеќе митолошко-библиски теми и мотиви, пред сè преземени од македонското орално народно творештво: најсилно препознатлива во фабулата, е легендата/митот за Болен Дојчин. Главен лик е Кузман, Човекот-кој-не-може-да-умре. Тој врз себе го носи проклетството да не може да умре. Барајќи начин да умре, Кузман дознава од Берберот-Пророк дека на еден ѕид во Градот, чуван од Човекот-со-зелена-коса-кој-свири-на-пушка, се испишани сите човечки судбини, и дека таму е напишана и неговата. Кузман тргнува во потрага, и по борбата со Човекот-со-зелена-коса... ја открива својата судбина, и дознава дека, за да се ослободи од проклетството, треба да води љубов со сопствената сестра. Тој го прави тоа, и така успева да умре. Вториот дел, значајно пократок од другите два, е лоциран некаде на почетокот на 20-от век. Доминира формата на квази-документарниот запис. Поточно, карактерот на овој дел е извонредна мистификација на документаристичкиот жанр. Овој квази-документарен запис зборува, наводно, за првиот инцест и казна за него - регистриран на филмска лента на Балканот. Тука, како лик повторно се јавува Берберот-Пророк, тој е снимателот на настанот, и преку него се врзуваат двете приказни. Настанот е кус, и се работи за венчавка помеѓу брат и сестра, и егзекуцијата (како казна за инцестот) на зетот/братот веднаш по венчавката. Третиот дел е лоциран на самиот крај на 20-от век, поточно на денот на Нова Година 2000-тата. Како доминанта се јавуваат ирониско-пародиско-цитатните жанровски карактеристики на изразот и формата. Главен лик е Дедо Мраз, инаку потстанар во една соба во градот, кој, разочаран и изиритиран од декаденцијата и расипаноста на луѓето, посебно од работите што му се случуваат токму на денот на преодот од еден милениум во друг, решава да го уништи светот точно на полноќ, на самиот преод во новиот милениум. Како лик, на почетокот од овој дел, се јавува и Кузман, главниот лик од првиот дел - како мало дете. Таа линија во филмот, заедно со Дедо Мраз кој на крајот од филмот ги испишува судбините на идните луѓе на еден од ѕидовите во градот (оној истиот ѕид којшто во првиот дел беше цел на Кузмановата потрага, се основните нишки што ја поврзуваат оваа приказна со другите две. На тој начин и се затвора кругот во рамковната приказна на филмот, и истиот - со тоа и завршува.

Награди: 1999 МФФ, „Expo Cine“, Хелсинки, награда „Мелиес Д'Арџент“ за најдобар европски филм од областа на фантастиката 1999 МФФ, Феникс / Њујорк, награда за најдобра монтажа на Петар Јакониќ 1999 МФФ, Феникс / Њујорк, награда за најдобра сценографија на Бујар Муча, Предраг Андонов 1999 20-ти „Фантафестивал“, Рим, награда за најдобар актер 2000 МФФ „Кинг Нобел“, Брисел, Гран При „КИНГ Нобел НАГРАДА 2000“ 2000 МФФ „Кинг Нобел“, Брисел, награда за најдобра камера на Владимир Самоиловски

Автори:

Продуцент: Митревски Дарко
Директор на фотографија: Самоиловски Владимир
Костимографија: Трајческа Роза
Монтажа: Јакониќ Петар
Музика: Вртев Ристо
Асистент на режија: Младеновиќ Зоран - Окан

Останати улоги:
Сашо Огненовски
Стојче Талевски
Бојан Георгиев
Бојана Георгиева
Катарина Јовановиќ
Марија Димитриевиќ

Други соработници:
миксер -- Бранко Нешков

Постер:

Фотографии: