< Назад

Шестиот играч

Производство: Вардар филм - Скопје

Род: Документарен филм

Времетраење: 11 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 0

Година: 1976

Содржина: Личноста на Лазар Лечиќ, тренер на кошаркарскиот клуб „Работнички“ од Скопје, е пример за огромен динамизам и професионализам во работата. Следејќи ги неговите реакции за време на кошаркарскиот натпревар, присуствуваме на вистинска драма исполнета до максимум со најразлични емоции. Неговото лице во полна мера и на многу карактеристичен начин го изразува се она што се случува на теренот. Во филмот наизменично се менуваат кадрите од збиднувањата на теренот, играта на кошаркарите, реакциите на публиката, а пред сé мимиката, гестовите и вербалните реакции на тренерот Лазар Лечиќ.

Награди: 1976 ФФ, Крањ, награда „Бронзен Триглав“ на Фестивалот на спортски филмови 1976 ФЈДКФ, Белград, Награда на СОФК на Србија за најдобар филм на спортска тематика 1976 Награда 13-ти Ноември за режија

Автори:

Режија: Недков Кочо
Сценарио: Недков Кочо
Монтажа на тон: Грбевски Димитар
Организатор на снимање: Петровски Ацо
Асистент тон снимател: Јаневски Јордан

Други соработници:

асистент снимател -- Миле Ивановски

Фотографии: