< Назад

Тасевски Спасе

Биографија: (1945 - ) Телевизиски и филмски монтажер. Средно образование завршува во Скопје. Од 1965 година работи во РТВ Скопје, прво како асистент-монтажер на монтажерите Вељо Личеноски и Скендер Кули, а по неколку месеци самостојно како монтажер на телевизиската програма. Паралелно со работата во РТВ Скопје (МРТВ) работи и како монтажер на играни, документарни и анимирани филмови во продукција на „Вардар филм“. Живее и работи во Скопје.

Филмографија:

1968: Вирово ( Монтажа, )
1972: Истрел ( Монтажа, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Монтажа, )
1975: Јад ( Асистент на монтажа, )
1976: Шестиот играч ( Монтажа, )
1977: Пресуда ( Асистент на монтажа, )
1980: Оловна бригада ( Монтажа, )
1983: Пецко - еден ден живот ( Монтажа, )
1983: Пецко - нафтен дериват ( Монтажа, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Монтажа, )