Биографија: (Тетово, 12.5.1923 - Скопје, 28.07.2001)
Филмски режисер и сценарист.
Од 1924 живее во Скопје, каде го завршува основното образование и трговското училиште, а Втората светска војна го спречува да ја заврши втората година на Вишата трговска школа.
По војната активно се вклучува во активностите околу формирањето на новата македонска кинематографија. Во почетокот се занимава со организациски проблеми, а потоа се ангажира како автор во улога на режисер и сценарист. Од 1952 г. е управник на Државниот филмски архив, кој набргу се претопува во „Вардар филм“. Една година е директор на „Детска радост“, а од 1955 е помошник на генералниот директор и директор на производство на „Вардар филм“. Одреден период работи во „Техно филм“, а потоа до 1966 година во МРТВ Скопје. Работи и за продукцијата на ФРЗ, а во 1972 година се враќа во „Вардар филм“.
Во 1976 година станува првиот директор на Кинотека на Македонија, каде што останува се до неговото пензионирање во 1985 година.
Главен печат во македонската кинематографија остава како директор на продукциите и како автор (режисер) на неколку незаборавни етнолошки филма.
Награди: 1985 ФЈДКФ, Белград, Голема Повелба за придонес и развој на југословенската кинематографија
Филмови: 1962 ПРЕСМЕТКА (OBRAČUN), директор на филм, игран, Авала филм Белград
1968 ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA), игран, Космет филм Приштина
1968 БРАТОТ НА ДР.ХОМЕР (BRAT DOKTORA HOMERA), директор на филм, игран, ФРЗ Белград
Филмографија:
1948:
Илинден 1948
(
Режија,
Сценарио,
)
1949:
I конгрес на КПМ
(
Сценарио,
)
1950:
Памук од задружните полиња
(
Сценарио,
)
1953:
Служба за трансфузија на крв – Служба на народот
(
Режија,
Сценарио,
)
1953:
Партизан
(
Режија,
Сценарио,
)
1954:
По снежните висови на Шара
(
Режија,
Сценарио,
)
1954:
Азот
(
Режија,
)
1954:
Велигденски обичаи
(
Режија,
)
1955:
Стара чаршија
(
Режија,
)
1955:
Галичка свадба
(
Режија,
)
1955:
Тенда
(
Режија,
)
1955:
Дервиши
(
Режија,
)
1955:
Попова Шапка
(
Сценарио,
)
1957:
Претседателот Тито во посета на Титов-велешка околија
(
Режија,
)
1957:
Со Тито низ Македонија
(
Режија,
)
1957:
Во стариот крај
(
Сценарио,
)
1957:
Во пресрет на изборите
(
Режија,
Сценарио,
)
1957:
Во пресрет на изборите - втор дел
(
Сценарио,
)
1957:
Македонија
(
Режија,
)
1957:
Претседателот Тито во посета на земјоделската задруга „Изворски“ с. Богданци
(
Режија,
)
1959:
Дубровски
(
Директор на филм,
)
1969:
Време без војна
(
Директор на филм,
)
1971:
Жед
(
Директор на филм,
)
1971:
Тапанџии
(
Директор на филм,
)
1973:
Татко (Колнати сме, Ирина)
(
Директор на филм,
)
1976:
Најдолгиот пат
(
Директор на филм,
)
1976:
Шестиот играч
(
Организатор на снимање,
)
1980:
Оловна бригада
(
Директор на филм,
)
1987:
Тетово низ историјата и денес
(
Организатор на снимање,
)