Биографија: (Скопје, 1907 - Скопје,1983)
Театарски, филмски и телевизиски актер.
Предраг Дишљенковиќ и припаѓа на најстарата генерација артисти во Македонија. Пред војната беше член на неколку патувачки театри. Периодот на војната го помина како член на Народниот театар во Штип, а по ослободувањето настапуваше во Народниот театар во Лесковац. Неполна сезона играше и на сцената на Македонскиот народен театар, по што кариерата ја продолжи во битолскиот Народен театар (од 1946 до 1956 година). Член на Драмскиот театар во Скопје беше од 1957 до 1963, односно до пензионирањето.
Во текот на својата плодна уметничка кариера работеше и како театарски режисер и преведувач на драмски дела.
Филмографија:
1958:
Мис Стон
(
Споредна улога,
)
1959:
Виза на злото
(
Главна улога,
)
1961:
Твојот роденден
(
Актер,
)
1964:
Под исто небо
(
Споредна улога,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Споредна улога,
)
1967:
Мементо
(
Споредна улога,
)
1968:
Планината на гневот
(
Споредна улога,
)
1969:
Републиката во пламен
(
Споредна улога,
)
1970:
Цената на градот
(
Споредна улога,
)
1971:
Македонски дел од пеколот
(
Споредна улога,
)
1971:
Жед
(
Споредна улога,
)
1975:
Кој век минува надвор деца
(
Главна улога,
)