< Назад

Малиот човек

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 84 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1957

Содржина: Мишо е дете на разведени родители. Живее со мајката која не му обрнува многу внимание и малку време минува со синот. Случајното кршење на излогот на слаткарницата, средбата со љубовникот на мајката и инциндентот во училиштето се случуваат едно по друго и ја потенцираат збрката и тагата во детската душа. Мишо бега од училиштето и на брегот на реката наоѓа нови другари, не претпоставувајќи дека се тоа мали крадци предводени од возрасниот Бајо, кој за разлика од неговата мајка знае да разговара со него. Мајката го пријавува исчезнувањето на детето во милицијата. Бајо, кој му дава засолниште на малиот Мишо, прави план за ограбување на една продавница во која е можно да се влезе низ мал прозорец. За таа цел го користи Мишо. Соочен со вистината Мишо го привлекува вниманието на милицијата кршејќи го излогот на продавницата. Бајо е фатен, а малиот човек трчајќи заминува во ноќта.

Автори:


Други улоги:

Ацо Алексов
Бранка Веселиновиќ
Бора Тодоровиќ
Ф.Тума
Н.Поповиќ
В.Костиќ
Д.Бериќ
Ц.Периќ-Нешиќ
Љ.Богдановиќ
Н.Милиќ
М.Поповиќ
М.Митровиќ
Н.Спасиќ
Т.Јанковиќ
Ѓ.Лиљак
Д.Гечевски


Други соработници:

тема -- Миодраг Ѓурѓевиќ
редакција на сценариото -- Добрица Ќосиќ
костимограф -- Божана Јовановиќ
стручен советник -- д-р Војин Матиќ
сликар -- Миомир Дениќ
асистент сценограф -- Јован Радиќ
камера -- Миодраг Јовановиќ
водачи на снимање -- Мики Стаменковиќ; Салко Бајчиќ
музичко водство -- Љиљана Поповиќ
секретар режисер -- Нада Недељковиќ
помошник директор -- Александар Кировски
асистенти сниматели -- Секула Бановиќ; Ѓорѓе Николиќ
асистенти тон сниматели -- Драгослав Станојевиќ; Милорад Мартиновиќ
шминкер -- Ванда Петровиќ
фотограф -- Живорад Милиќ
светло -- Милан Милојевиќ
гардеробер -- Дара Микљиновиќ
реквизитер -- Милан Чекиќ
декоратер -- Вукашин Младеновиќ
музиката ја изведува -- оркестарот на Загрепската филхармонија
диригент -- Иво Тијардовиќ
директор на филмот -- Михајло Рашиќ

Постер:

Фотографии: