Биографија: (Белград, 19.01.1921 - Белград, 7.10.1997) Филмски и телевизиски актер. По ослободувањето членува во КУД „Лола Рибар“ во Белград, а до расформирањето, член е на Драмското студио на „Звезда филм“. На филм дебитира во 1950 година. Меѓу првите е со статусот на слободни филмски работници, од 1952 година. Низ четирите децении учество во филмот ги минал сите фази на развитокот на југословенскиот филм. На фестивалот во Ниш ја добил Наградата за животно дело „Славица“.
Филмографија:
1957:
Малиот човек
(
Споредна улога,
)
1959:
Три Ани
(
Споредна улога,
)
1965:
Денови на искушение
(
Главна улога,
)
1966:
До победата и по неа
(
Главна улога,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Главна улога,
)
1969:
Време без војна
(
Споредна улога,
)
1976:
Најдолгиот пат
(
Споредна улога,
)
1977:
Пресуда
(
Главна улога,
)
1980:
Време, води
(
Споредна улога,
)