< Назад

Рубен Емил

Биографија: (Скопје, 17.7.1948) Филмски и театарски актер. Се школува во Скопје и Загреб. Во 1971 година дипломира на Академијата за филм и театар во Загреб. За прв пат на филм настапува како дете, во 1955 година во филмот „Тие двајцата“, потоа во 1957 година добива улоги во филмовите: „Бунтот на куклите“ и „Малиот човек“. Потоа следуваат и низа други улоги низ коишто продолжува да ја гради својата актерска кариера. Од 1971 година работи како актер во Македонскиот народен театар во Скопје. Во 2001 година ја доби наградата на град Скопје „13 Ноември“.

Филмови: 1955 ТИЕ ДВАЈЦАТА (NJIH DVOJICA), актер, игран, УФУС, Југославија 1959 ВЕТРОТ ЗАПРЕ ПРЕД ЗОРИ (VETAR JE STAO PRED ZORU) актер, игран, Авала филм Југославија 1960 ПАРТИЗАНСКИ ПРИКАЗНИ (PARTIZANSKE PRIČE), актер, игран, УФУС Југославија 1960 ДЕНОТ ЧЕТИРИНАЕСЕТТИ (DAN ČETRNAESTI), актер, игран, Ловќен филм Југославија 1983 ЈАВАЧИ НА БУРА, актер, игран, копродукција Јадран филм Загреб Југославија и Франција 1983 ИНВАЛИД ПО НЕСРЕЌАТА (INVALID PO NESREĆI), краток игран, актер, ЗФА УНИКАЛ студио Љубљана Словенија

Филмографија:

1957: Малиот човек ( Главна улога, )
1957: Бунт на куклите ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Главна улога, )
1985: Јазол ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Главна улога, )
2000: Писмо ( Актер, )
2000: Глас ( Актер, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Актер, )
2003: Приказни за љубовта и свршувањето ( Актер, )
2004: Како убив светец ( Споредна улога, )
2004: Балканкан ( Споредна улога, )
2004: Големата вода ( Споредна улога, )
2005: Контакт ( Споредна улога, )
2005: Остани исправен ( Споредна улога, )
2008: Убави (The Beautiful Ones) ( Актер, )
2011: Луѓе без земја ( Актер, )
2013: Балканот не е мртов ( Споредна улога, )
2013: Трето полувреме ( Главна улога, )