Производство: Вардар филм - Скопје; ТВ Скопје; Македонија филм - Скопје; Градски кина - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: комедија
Род: Игран филм
Времетраење: 94 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1988
Содржина: Филмот зборува за една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така семејствата добиваат туѓ мртовец за закопување и тргнуваат во потрага по сопствениот. Тасе Стопаревски, службеник од Прилеп, по вторпат останува вдовец. Неговата жена Ката умира во болницата во Скопје. Телото го презема синот на Тасе од првиот брак. Тој купува најскап сандак за погребување и умрената ја пренесува врз багажникот од неговото фиќо. Поради погрешно паркирање во центарот на Скопје, пајак-возилото го однесува автомобилот. Во меѓувреме Тасе, кој очекувал оздравување на својата жена, се договорил со двајца молери да го средат станот. Молерите, кои во работното време работат и приватни зделки, доаѓаат во неговата куќа и започнуваат со работа. Пристигнува војникот Владимир - момче на Мица, па ќерката на Тасе и Ката, и набргу, куќата се исполнува со останатите домашни, па бабата, сестрата на Ката и други роднини кои го очекуваат пристигнувањето на сандакот. Се расправаат со молерите кои направиле неред во куќата, за најпосле да пристигне и Тасе. Тој ги исплатува молерите и ги кани на закоп. Тие заминуваат кон Претор каде што имаат закажано друго молерисување. Во куќата доаѓа и директорот на Тасе со секретарката. Однесувањето на Тасе и на другите кон директорот е сервилно. Пристигнува и братот на Тасе, кој кажува дека закопот мора да биде во 12 часот бидејќи има и други умрени. Директорот преку своите врски овозможува дозвола за закопување во кое било време. Камбаните бијат. Првиот сосед на Тасе во исто време прави свадба на синот единец. Поради тоа тие двајца се договараат двете церемонии да се одвиваат наизменично во интервали од по 15 минути. Пристигнува сандакот со Ката. Домашните сакаат да ја измијат покојницата според обичајот и се соочуваат со фактот дека во сандакот не е нивната Ката. Тасе се јавува во болницата во Скопје и дознава дека поради грешката на сестрата е направена замена и неговата умрена жена се наоѓа кај Климе во Охрид. По телефонскиот разговор и двајцата тргнуваат кон Ѓавато, каде што ќе ги заменат умрените. На Ѓавато настанува вистинска бркотница. Пристигнуваат прилепчаните, охриѓаните, молерите кои се враќаат од Претор, и две германски автостоперки. Молерите доаѓаат до заклучок дека станува збор за тргување со органите на умрените. По отворањето на сандаците охриѓаните се соочуваат со вистината дека и во другиот сандак не е нивната баба Зора, па затоа заминуваат со празниот сандак. Останува избезумениот Тасе со двете покојници. Во очај, тој и ветува на својата умрена жена дека ќе најде и други умрени и заскитани жени и дека ќе ја закопа со голема придружба.
Награди: 1988 ФФ, Голубац, Прва награда „Златна Рипка“ за режија на Коле Ангеловски
1988 ФФ, Голубац, Трета награда од публиката
Автори:
Други улоги:
Снежана Михајловиќ
Ташко Начиќ
Тодорка Кондова Зафировска
Александра Петковиќ
Соња Здравковска
Видосава Грубач
Марија Кондовска
Илија Џон Апелгрин
Владимир Крапчев
Димитар Спасески
Сека Сабљиќ
Други соработници:
соработник на сценарио -- Коле Ангеловски
маскер -- Гордана Ивановска
организатори на снимање -- Анче Павловски; Лазар Ѓорѓевиќ
секретар режисер -- Вишња Калиќ
помошник директор -- Благоја Кондратјук
деловен секретар -- Весна Масловариќ
асистент режисер -- Владимир Спасов
шарфер -- Александар Прошев
микроман -- Виктор Иванов
асистент тон снимател -- Диме Ангеловски
асистент монтажер -- Дилавер Мустафа
асистент снимател -- Срѓан Симјановски
фотограф -- Душан Јовановски
клапер -- Васил Шишков
осветлители -- Гаврило Павелиќ; Дејан Гиговски
агрегатисти -- Саво Матевски; Драган Трифуновски
сцена -- Мане Насков; Илија Мојсовски; Радосав Стојановски
асистент костимограф -- Димитар Темтов
реквизитери -- Мирослав Цветковиќ; Бошко Костадиновски
гардеробери -- Ружа Велковска; Бранко Лозановски
набавувач -- Драги Трајановски
шминкер -- Ештреф Мемед
фарбар -- Коле Илиевски
Постер:

Фотографии: