< Назад

Чоревски Благоја

Биографија: (Велес, 09.09.1947 - ) Театарски, филмски и телевизиски актер. Завршил Театарска академија во Софија. Член на Драмскиот театар станува во 1971 година. Од 1984 до 1998 година ја врши функцијата директор на театарот. Добитник е на: Златниот ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година, Стериината награда во Нови Сад во 1979 година, потем на Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје, Награда за најдобро актерско остварување на Игрите „Војдан Чарнодрински“, Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“, Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година. Чоревски е Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Наградата „11 Октомври“.

Филмографија:

1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Време, води ( Споредна улога, )
1988: Викенд на мртовци ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Споредна улога, )
1996: Самоуништување ( Споредна улога, )
2000: Агенција осамени срца ( Актер, )
2003: Битолски лакрдии ( Актер, )