< Назад

Лазаревски Никола

Биографија: (Скопје, 29.3.1931 - 04.12.2002) Филмски сценограф. Средно образование - архитектонски отсек завршува во Скопје. Во кинематографијата влегува во 1953/54 година кога се вработува во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје. Работи како асистент-сценограф, а продолжува како сценограф, иако понекогаш работи и како организатор, асистент на режија и директор на филм. Како пензионер, од 1988 година сè уште повремено работи на филмски проекти. За својата работа на филмот, добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена за сценографија за филмот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1968), Златна плакета за сценографија за филмот СРЕЌНА НОВА '49 на Третата смотра на југословенската сценографија, костими и музика, Младеновац (1986), како и општествените признанија 13 Ноември, 11 Октомври и други награди и признанија.


Награди: 1965 Јубилејна плакета по повод 20 години Југословенска кинематографија 1966 Орден на трудот со сребрен венец 1968 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценографија / „Македонска крвава свадба“ 1976 МФФ, Карлови Вари, ЧССР, Прва награда за сценографија / „Јад“ 1978 13 Ноемвриска награда на град Скопје / „Пресуда“ 1986 ФФ, Младеновац, Златна плакета за сценографија / „Среќна нова '49“ 1998 11 Октомвриска награда за животно дело

Филмови: 1958 МИС СТОН, архитект, игран, Вардар филм 1959 ДУБРОВСКИ, соработник, игран, Вардар филм - Скопје; Хеспериа филм - Рома 1964 СКОПЈЕ 63, организатор, документарен, Вардар филм, Јадран филм - Загреб ПАТ НА ЈУГ, игран, Аргентина МАЈКА ТЕРЕЗА, игран, Италија МОЈОТ ТАТКО МЕМО, игран, Германија ЈАВАЧИ НА ВЕТРОТ, игран, Франција МАЈКА ТЕРЕЗА, ТВ филм, САД

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Асистент на сценографија, )
1955: Ритам и звук ( Асистент на сценографија, )
1956: Птиците доаѓаат ( Сценографија, )
1959: Три Ани ( Асистент на сценографија, )
1961: Мирно лето ( Директор на филм, )
1961: Солунските атентатори ( Директор на филм, )
1962: Бараме леб ( Асистент на режија, )
1963: Нашата доверба ( Организатор на снимање, )
1963: Василие Поповиќ - Цицо ( Организатор на снимање, )
1963: Македонија 1942 ( Сценографија, )
1964: Под исто небо ( Асистент на сценографија, )
1964: Поетот изгнаник ( Организатор на снимање, )
1964: Кеј 13 Ноември ( Организатор на снимање, )
1964: Средба на солидарноста ( Организатор на снимање, )
1965: Денови на искушение ( Сценографија, )
1966: До победата и по неа ( Сценографија, )
1966: Не ( Организатор на снимање, )
1967: Каде по дождот ( Сценографија, )
1967: Македонска крвава свадба ( Сценографија, )
1967: Мементо ( Сценографија, )
1968: Планината на гневот ( Сценографија, )
1969: Републиката во пламен ( Сценографија, )
1969: Magna Carta Libertatum (Документи за и против нашето време) ( Организатор на снимање, )
1970: Цената на градот ( Сценографија, )
1971: Црно семе ( Сценографија, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Сценографија, )
1973: Гоце Делчев ( Асистент на режија, )
1973: Луѓе зад планината / Кичево 1971 ( Организатор на снимање, )
1974: Гоцев ден ( Организатор на снимање, )
1975: Јад ( Сценографија, )
1976: Најдолгиот пат ( Сценографија, )
1977: Исправи се, Делфина ( Сценографија, )
1977: Пресуда ( Сценографија, )
1979: Глава ( Сценографија, )
1980: Оловна бригада ( Сценографија, )
1980: Време, води ( Сценографија, )
1982: Јужна патека ( Сценографија, )
1982: БОПС ( Организатор на снимање, )
1983: Отворен колосек ( Организатор на снимање, )
1985: Јазол ( Сценографија, )
1985: Опасна баба ( Сценографија, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Сценографија, )
1987: Хај-фај ( Сценографија, )
1988: Викенд на мртовци ( Сценографија, )
1989: Маркови кули ( Организатор на снимање, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Сценографија, )
1994: Пред дождот ( Асистент на сценографија, )
2001: Тумба Маџари ( Сценографија, )
2001: Освета ( Сценографија, )