< Назад

Бошкова Мери

Биографија: (Битола, 2.5.1924 - Скопје, 25.03.2014) Театарска, ТВ и филмска актерка. Гимназија завршува во Битола, а потоа работи во битолскиот театар. Во 1946 година доаѓа да работи во Македонскиот народен театар во Скопје и станува негова првенка, носејќи најсложени улоги. Одреден период е член и на Српскиот народен театар во Белград. Нејзиното богато сценско искуство доаѓа до израз при реализацијата на главната улога во првиот македонски игран филм ФРОСИНА (1952). Потоа својата актерска кариера ја продолжува уште во неколку играни филмови, каде што реализира претежно епизодни улоги. Глуми и на телевизија. За своето актерско остварување, добитник е на сојузни и републички награди и признанија.

Филмографија:

1952: Фросина ( Главна улога, )
1961: Мирно лето ( Главна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Главна улога, )