< Назад

До победата и по неа

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: воен

Род: Игран филм

Времетраење: 106 минути

Тип: Филмска лента

Техника: синемаскоп

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1966

Содржина: Последниот ден од окупацијата жителите на едно мало македонско гратче се сведоци на уште еден крвав чин на окупаторот - стрелање на 12 родољуби, предадени од соработник на окупаторот. И во овој случај, како и повеќе пати пред тоа, предавникот останува непознат за неговите сограѓани. Веќе утредента партизаните влегуваат во градот. Населението учествува во правењето барикади и го оневозможува повлекувањето на непријателот. Заробен е бугарскиот мајор со неговите соработници. Комесарот на одредот дознава дека меѓу стреланите е и неговиот син, непосредно пред тоа испратен во градот, со задача да го открие соработникот на окупаторот. Комесарот стоички ја прима веста за загубата. Тој не му дозволува на народот одмазда врз крвниците. Меѓу заробените, на денот на ослободувањето, по барање на народот се наоѓаат и оние што, според јавното мислење, соработувале или пак имале каква било врска со окупаторот. Сите тие, следени од долга колона сограѓани, тргнуваат на пат до соседното место каде што Народниот суд треба да им суди за злоделата. На овој пат стануваат јасни одредени судбини и групата на обвинетите се намалува. Случајот прави да се открие и виновникот за многубројните провали во партиската организација. По патот, по кратка престрелка, партизаните заробуваат група германски војници. Пристигнуваат на железничката станица каде им е крајот на патот. Пристигнува возот. Додека партизаните полни со оптимизам заминуваат, покрај пругата остануваат нивните придружници и патот кој повторно мораат да го минат.

Награди: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио на Симон Дракул

Автори:

Директор на фотографија: Петковски Љубе
Костимографија: Патрногиќ Јелена
Сценарио: Дракул Симон
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент на режија: Наумовски Душан
Асистент снимател: Салковски Драган
Монтажа на тон: Стеванов Тимотие
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј
Помошник на режија: Стаменковиќ Миомир - Мики
Помошник директор на филм: Ангеловски Благоја

Други улоги:

Невена Коканова
Ѓорѓе Ненадовиќ
Јован Ранчиќ
Аленка Ранчиќ
Милан Босиљчиќ
Душан Антонијевиќ
Душан Перковиќ
Тома Кировски
Мушерефа Прекиќ


Други соработници:

маскер -- Иван Лалиќ
асистенти режисери -- Драган Петровиќ
секретар режисер -- Штефица Хрушкар
асистенти сниматели -- Васе Василевски
асистент сценограф -- Јован Радиќ
пиротехника -- Д. Живковиќ
гардеробер -- М. Церовац
организатори на снимање -- Б. Митровиќ
светло -- Ивица Хабазин
директор на филмот -- Стипе Гурдулиќ

Постер:

Фотографии: