Биографија: (Скопје, 19.08.1952 - Скопје, 14.07.1998) Театарски, филмски и телевизиски актер. По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапува на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а како актер гостува и на повеќе други сцени. За одбележување се неговите учества како гостин и на Дубровничките и Сплитските летни игри, како и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар. Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Во 1985 година е прогласен за актер на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“. Ненад Стојановски се наметна како највозбудлива актерска пројава во Македонија во последните десетина години.
Филмографија:
1977:
Пресуда
(
Споредна улога,
)
1992:
Време, живот
(
Главна улога,
)
1992:
Исчезнувањето на Сузана Арсова
(
Актер,
)
1998:
Збогум на 20-тиот век
(
Споредна улога,
)