< Назад

Пресуда

Производство: Вардар филм - Скопје; Македонија филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: воен

Род: Игран филм

Времетраење: 95 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1977

Содржина: Во судирот со непријателот, во една однапред изгубена битка со наполно извесен крај кој би значел да се загине залудно, партизанот Ангелов го напушта боиштето качувајќи се на еден воз и оди да ја види својата мајка, тукушто вратена од интернација. Поради тоа, партизанот Ангелов е прогласен за дезертер и кога тој се враќа во бригадата го разоружуваат и врзан го носат до комесарот. Тој го испраќа голорак во борба, за да се избори за ново оружје. Во поставената заседа за германската колона, голоракиот Митко Ангелов убива еден германски војник и со неговото оружје сам пука во колоната камиони, бидејќи сите партизани од патролата, освен еден тешко ранет, се убиени. Мислејќи и за него дека е загинат, Митко Ангелов плачејќи го остава до другите загинати и сите заедно ги покрива со суви лисја и гранки. Тројцата Германци кои го преживеаја нападот се кријат и гледаат што прави партизанот. Митко Ангелов се враќа во бригадата, но никој не му верува дека тој е единствениот преживеан. Командантот Кораб го разоружува. Ранетиот партизан Ване се извлекува од под лисјата. Нему му се предаваат тројцата германски војници. Партизанот Митко Ангелов е затворен во една визба заедно со озлогласениот Аспарух Савов, соработник на окупаторот. Митко се распрашува за судбината на Методија Ангелов, неговиот татко. Савов, не знаејќи со кого зборува, му кажува дека Методија е фатен во 1942 година и убиен во затворот. Дознавајќи дека овој е убиецот на татко му, Митко го убива Аспаруха. Повторно започнува испрашувањето на Митко Ангелов. Во тоа време пристигнува ранетиот борец Ване со тројцата заробени војници. Ване раскажува за херојската борба на борецот Ангелов. Митко повторно го добива своето место во првата чета. Партизаните поставуваат заседа на германскиот конвој од тенкови и камиони. По завршената битка, партизаните се повторно во стројот. Во бригадата пристигнува Кораб, кој соопштува дека претседателот на Воениот суд го осудил Митко Ангелов на смртна казна поради дезертирање. Командантот ја чита пресудата, а борците се изненадени. Тогаш тој сам ги избира оние, кои ќе ја извршат пресудата. Тие одбиваат и го фрлаат своето оружје на земја. Ним им се придружуваат и останатите борци од бригадата. На крајот, командантот му го враќа оружјето на Митко Ангелов и тој го зазема своето место во стројот.

Награди: 13 Ноемвриска награда за Никола Лазаревски за сценографијата во филмот

Автори:

Директор на филм: Ацевски Стеван - Стевче
Директор на фотографија: Самоиловски Мишо
Костимографија: Петровска Данкица
Сценарио: Камберски Јово
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент снимател: Самоиловски Владимир
Монтажа на тон: Јаневски Јордан
Организатор на снимање: Калиќ Милош
Помошник на режија: Попов Стојан - Столе
Асистент на монтажа: Димовска Бисерка, Тасевски Спасе

Други улоги:

Владан Живковиќ
Славица Николовска
Ристо Мајсторов
Благоја Анчевски
Јован Трпевски
Анастас Миса
Душан Георгиевски
Бранко Атанасовски
Ѓорѓи Устапетров

Дриги соработници:

водач на снимање -- Панта Мижимаков
секретар режисер -- Марија Ѓорѓевиќ
асистенти режисери -- Милош Антиќ; Драган Ничевски
асистент снимател -- Слободан Стојановски
фотограф -- Александар Затковски
асистенти сценографи -- Миладин Аранѓеловиќ; Зоран Костовски
асистент костимограф -- Боне Ацевски
гардеробер -- Симо Бикиќ
финансиски раководител -- Митко Папазов
помошник организатор на снимање -- Борис Стефановски
волонтер скриптер -- Ирина Џувалековска
маскер -- Драгица Миливојевиќ
реквизитер -- Негован Ѓоковиќ
оружар -- Јосиф Каревски
пиротехника -- Здравко Смојвер
воени консултанти -- Петар Булајиќ; Никифор Никиќ
светло -- Драган Првановиќ
сцена -- Милорад Митровиќ; Тихомир Мишиќ

Постер:

Фотографии: