< Назад

Велјановски Петар

Биографија: (1905-1975) Театарски актер. Еден од основачите на Народниот театар во Битола. Неговиот актерски ангажман започнува во далечната 1923 година како член на патувачката група на Тихомир Динуловиќ, за по три години, во 1926, да стане член на Народното позориште во Скопје кое беше стационирано во Битола. Значајно е неговото членување во полупрофесионалниот театар „Добро поле“ во Битола, во 1932 година. На сцената на Народниот театар – Битола како актер учествувал речиси во целокупниот репертоар.

Филмографија:

1952: Фросина ( Главна улога, )
1958: Мис Стон ( Споредна улога, )