Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историски
Род: Игран филм
Времетраење: 97 минути
Тип: Филмска лента
Техника: тоталскоп
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1958
Содржина: 1901 година. Во Македонија расте отпорот против Отоманската Империја. Многубројни чети комити сведочат за готовноста на македонскиот народ да се бори за својата слобода. Во исто време разни верски мисии се обидуваат да го прошират своето влијание меѓу народот. Во Солун се наоѓа центарот на американската протестантска мисија за Македонија. По добиената дозвола за отворање верски курс во село Банско, мисионерите тргнуваат на пат. Во мисионерската група се Елен Стон, Американка, и брачниот пар Цилка, Македонци воспитувани во Америка. Нивното заминување од Солун ќе го искористи ВМРО како начин пред светската јавност да се проговори за состојбата во Македонија и да се овозможи вооружување на нови чети комити. Со таа цел четата на Јане Сандански ја грабнува Елен Стон и за неа од турската влада бара откуп во висина од 25.000 златни лири. Во почетокот Мис Стон, пацифистички ориентирана, не се согласува со барањето на комитите, за потоа, минувајќи низ борби со турскиот аскер и станувајќи сведок на ѕверствата на кои е изложен незаштитениот народ, да застане на страната на комитите и да го потпише писмото со кое барањата на ВМРО ќе бидат исполнети.
Награди: 1959 ФЈИФ, Пула, Златна арена за главна машка улога на Петре Прличко
1959 ФЈИФ, Пула, Златна арена за главна женска улога на Олга Спиридоновиќ
1959 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценографијата на Василија Поповиќ - Цицо
1960 МФФ, Единбург, Почесна диплома
1961 МФФ, Њу Делхи, Почесна диплома
Автори:
Други улоги:
Божидар Дрниќ
Благоја Коцевски
Методија Зенделски
Панче Грнчаров
Жарко Којчев
Нада Ризниќ
Панта Николиќ
Ацо Алексов
Димче Гечевски
Други соработници:
соработник на сценариото и англиски дијалози -- Мерион Мишел
костимограф -- Милица Бабиќ-Јовановиќ
консултанти за колор -- Предраг Стајиќ; Едмонд Ришар
музиката ја изведува -- Симфонискиот оркестар на Загрепската филхармонија
диригент -- Оскар Данон
асистенти режисери -- С. Ќулибрк
архитекти -- Диме Шумка; Никола Лазаревски; Властимир Гаврик
организатори на снимање -- Б. Митровиќ; Димче Марковски
маскери -- Ивица Бенчиќ; Иван Лалиќ
асистенти сниматели -- Р. Лужанин; Р. Недељковиќ; Васе Василевски
светло -- М. Томовиќ; Ј. Керекеш
пиротехника -- Д. Живковиќ
воен консултант -- полковник Сава Миљаковиќ
Постер:

Фотографии: