Биографија: (Скопје, 19.03.1942 - Скопје, 10.05.2018) Театарски, филмски и телевизиски актер. Студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станува член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје. Како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма. За своето актерско умеење е награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година доби награда за најдобра споредна улога. Два пати е добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“.
Филмографија:
1976:
Најдолгиот пат
(
Споредна улога,
)
1980:
Време, води
(
Споредна улога,
)
1982:
Полноќно сонце
(
Главна улога,
)
1993:
Македонска сага
(
Споредна улога,
)
1995:
Ангели на отпад
(
Споредна улога,
)
1997:
Џипси меџик
(
Споредна улога,
)
2000:
Глас
(
Актер,
)
2001:
Прашина
(
Споредна улога,
)
2003:
Чекор пред времето
(
Главна улога,
)
2004:
Илузија
(
Споредна улога,
)
2004:
Андер
(
Главна улога,
)
2011:
Жарче
(
Главна улога,
)
2013:
Игра и спас
(
Главна улога,
)
2013:
Балканот не е мртов
(
Споредна улога,
)
2013:
Трето полувреме
(
Споредна улога,
)