Биографија: (Рашчук, Бугарија, 11.05.1901 - Белград, 01.06.1980) Српски актер. Бил самоук. Уметничката активност ја започнал во сараевскиот театар. Од 1925 до 1930 година бил член на театрите во Сплит, Загреб, Нови Сад и на белградската опера. Од 1929 до 1939 година бил во Народниот театар во Белград. Првата улога на филм била во филмот „Грешник без грав“ (1930), во режија на Коста Новаковиќ. По Втората светска војна играл во Нови Сад и Риека, за да се врати во Белград и да стане постојан член на Југословенскиот драмски театар, каде останал до крајот на својата кариера. Добитник е на голем број награди и признанија.
Филмографија:
1958:
Мис Стон
(
Главна улога,
)
1964:
Под исто небо
(
Главна улога,
)