< Назад

Под исто небо

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: воен

Род: Игран филм

Времетраење: 77 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1964

Содржина: По капитулацијата на Италија во западниот дел на Македонија, кој беше под италијанска окупација, власта ја преземаат балистите. Подготвувајќи се да го нападнат градот, партизаните испраќаат тројца борци кои со помали акции би го свртеле вниманието на балистите од вистинската акција. При случајната средба на тројцата партизани со балистите во градот, гине братот на Мифтар. Мифтар, кој е водач на балистите, ги бара партизаните. Ги претресува куќите и уценувајќи го стариот Реџеп, открива дека тие се наоѓаат во куќата на неговиот сосед Крсте. Скривницата во која се наоѓаат двајцата партизани балистите не успеваат да ја откријат. Крсте е готов да го жртвува и својот живот, но Мифтар сака да се одмазди, и го убива неговиот внук. Во тој момент доаѓа до жестока пресметка во која учествува и третиот партизан кој се беше засолнил во блиската џамија, а започнува и нападот на градот во кој влегуваат ослободителите.

Автори:

Директор на филм: Вилар Ладо
Директор на фотографија: Михајловски Бранко
Костимографија: Глишиќ Мира
Монтажа: Бјењаш Јелена
Сценографија: Шумка Диме
Асистент снимател: Салковски Драган
Асистент на сценографија: Лазаревски Никола
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо - Риџвеј
Асистент на костимографија: Стојановски Душко
Асистент на монтажа: Чемчев Вангел - Лаки

Други улоги:

Јован Ранчиќ
Бранка Зориќ
Панче Грнчаров
Калин Ѓурчинов
Жарко Којчев

Други соработници:

соработници на сценариото -- Томе Арсовски; Владо Поповски
музиката ја изведува -- оркестарот на Загребската филхармонија
диригент -- Бојан Адамич
консултант -- д-р Хасан Калеши
лектор -- Илија Корубин
маскер -- Иван Лалиќ
музички соработник -- Тимотие Стеванов
фотограф -- Бранко Вукадиновиќ
секретар режисер -- Катица Бањанин
асистенти сниматели -- Миле Ивановски
асистенти шминкери -- Марија Јовановиќ
асистенти костимографи -- Катица Дакиќ; Иван Иванов
организатори на снимање -- Душко Ерцеговиќ
помошник директор -- Благоја Кондратјук
секретар на дирекција -- Тања Предал
светло -- Ивица Хабазин
шеф на сцена -- Жељко Жерјан
сликар на декор -- Петар Георгиевски
реквизитер -- Миле Стефков
пиротехника -- Миодраг Станковиќ

Постер:

Фотографии: