< Назад

Штиглиц Франце

Биографија: (Крањ, 12.11.1919 - Љубљана, 4.5.1993) Филмски режисер и публицист. Студира право во Љубљана (паралелно учи глума кај О. Шест). На филм дебитира како асистент на режисерот А. В. Ром во филмот „Во планините на Југославија“ (1946). Потоа продолжува да работи како режисер за Филмски новости и на документарни филмови, меѓу кои се истакнува „Младината гради“ (1946). Неговиот прв целовечерен филм „На својата земја“ (1948), воедно е и прв словенечки долгометражен игран филм. За продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје ги режира филмовите „Волча ноќ“ (1955) и „Виза на злото“ (1959). Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена во Пула и номинација за Оскар за филмот ДЕВЕТИОТ КРУГ (1960), Награда за машка улога во Кан за филмот ДОЛИНА НА МИРОТ (1956), Голема бронзена арена во Пула за ПРИКАЗНА ЗА ДОБРИТЕ ЛУЃЕ (1975) и други признанија и награди.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Режија, )
1959: Виза на злото ( Режија, )