Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: воен
Род: Игран филм
Времетраење: 83 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1955
Содржина: Ноќ во планински предел во делот на Македонија под бугарска окупација. Уште една офанзива чија цел е да се оневозможи партизанското дејствување. Одредот партизани е соочен со можниот напад на окупаторот. Затоа заминува од теренот, оставајќи зад себе како отстапница една своја десетина предводена од десетарот Божин. Оваа група борци има задача три часа да ја задржи својата позиција, за потоа да му се придружи на одредот на место што му е познато само на десетарот. Партизаните имаат само по неколку куршуми, а непријателот е блиску. Десетарот заминува во извидување. Времето изминува а Божин не се враќа. Партизаните се наоѓаат во дилема дали да заминат. Една бугарска извидница наидува на нивното засолниште и доаѓа до престрелка во која гине стариот Паун. Останувањето на старата позиција веќе е невозможно и групата партизани заминува во потрага по одредот. Десетарот Божин, кој беше заробен од бугарските војници, успева да побегне, но на местото каде што беше десетината го наоѓа само загинатиот. Започнува кошмарно талкање на десетината и на нејзиниот десетар во ноќта во која снегот, студот, заморот и потерата се подеднакво опасни и за физичкиот и за духовниот интегритет на групата. При тоа гинат Благоја и Стане, а партизанката Вела е обесена од бугарските војници заедно со селанката која ја прими за да ја заштити во својата куќа. Селанката е жена на десетарот Божин. Последниот жив од групата, партизанот Марко, лута низ планината гонет од глутница волци. Го спасуваат другарите од одредот. Доаѓа и Божин, носејќи го синот на раце. Повторно е ноќ. Одредот спие. Единствено се будни Божин и Марко кои молчешкум се обидуваат да ги разрешат дилемите што зад себе ги остави изминатата волча ноќ.
Награди: 1955 ФЈИФ, Пула, Сребрена арена за филм
1955 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио на Славко Јаневски
Автори:
Други улоги:
Панта Николиќ
Боро Шопов
Пандил Пандиловски
Велко Гермовски
Други соработници:
маскер -- Ивица Бенчиќ
скриптер -- Лидија Дебарлиева
светло -- Ал. Лозар
асистенти сниматели -- Васе Василевски
музиката ја изведува -- оркестарот на Македонската филхармонија
диригент -- Трајко Прокопиев
помошник директор -- Велко Гермовски
Постер:

Фотографии: