< Назад

Виза на злото

Производство: „Вардар филм“ - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: криминалистички

Род: Игран филм

Времетраење: 89 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1959

Содржина: Симон, млад човек кој решил брзо да се збогати, учествува во шверцувањето на дрога. При една средба со човекот кому треба да му ја предаде стоката ги открива милицијата. Бегајќи, Симон го губи паричникот и претпоставува дека поради тоа неговиот идентитет и е познат на милицијата. Калпак, бескрупулозен човек и организатор на оваа шверцерска група, инсистира тој и Симон да заминат од земјата. Симон се согласува илегално да ја помине границата. Во аферата случајно се вмешуваат Лена, девојка на Симон, и Цветко, негов брат. На пат тргнуваат сите заедно. Лена се обидува да го убеди Симона да се предаде на власта, но аргументите на Калпак, кој манипулира со изгубениот паричник, се појаки. Во обидот сите заедно да го минат езерото со украден чамец и гонети од милицијата, Калпак загинува, Симон е ранет, а девојката Лена ја истура дрогата во езерските води.

Автори:


Други улоги:
Б. Анастасовски, Борис Стефановски

Други соработници:
сликар на костимите -- Мира Глишиќ
скриптер -- Елза Џувалековска
организатор на снимање -- Александар Кировски
соработник снимател -- Жаро Тушар
асистенти сниматели -- Душан Пајиќ; Миле Ивановски
светло -- Ивица Хабазин
фотограф -- Ацо Јовановски
асистент сценограф -- Т. Василевски
реквизитер -- Ј. Ицмарев

Постер:

Фотографии: