< Назад

Блажевски Владимир

Биографија: (Скопје, 3.6.1955) Филмски и ТВ режисер и сценарист. Завршува режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Од 1981 до 1993 работи како уредник на филмската програма во Студентскиот културен центар во Белград. Потоа се враќа во Скопје и работи на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Добитник е на Златна арена за режија на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1987) за филмот ХАЈ-ФАЈ.


Награди: 1978 ФЈДКФ, Белград, Сребрен медал - Белград за режија / „Среќна нова година“ 1987 ФЈИФ, Пула, Златна арена за режија / „Хај-фај“

Филмови: 1979 БРОДОГРАДИЛИШТЕ БЕГЕЈ, ко-сценарист, ко-режисер, документарен, Звезда филм Београд 1980 АВТОМАТИКА И МЕРНИ СИСТЕМИ, режија, документарен, Звезда филм Београд 1984 КОЈ РАБОТИ НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ГЛАД (KO RADI NE BOJI SE GLADI), сценарио и режија, АРТ филм 80 Београд 1989 МЕЃУГОРЈЕ, сценарио, режија, документарен, ЈАТ Београд, 1990 ГАЛИЧКА СВАДБА, сценарио, режија, документарен, ЈАТ Београд 1992 БУЛЕВАРОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА (BULEVAR REVOLUCIJE), сценарио, режија, игран, Синема дизајн Београд

Филмографија:

1978: Среќна Нова година ( Режија, Сценарио, )
1979: Икар ( Режија, Сценарио, )
1982: Врати на бескрајот ( Режија, )
1987: Хај-фај ( Режија, )
1997: Џипси меџик ( Сценарио, )
2002: Дузина приказни за виното ( Режија, Сценарио, )
2004: Големата вода ( Сценарио, )
2011: Панкот не е мртов ( Режија, Сценарио, )
2019: Театарот Скупи ( Режија, )