< Назад

Големата вода

Производство: „Артис 3“, The World Circle Foundation, „Кавал филм“

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историска драма

Род: Игран филм

Времетраење: 93 минути

Тип: Филмска лента

Техника: Синемаскоп

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 2004

Содржина: Приказна за вечната метафизичка борба меѓу доброто и злото, претставена преку пријателството на две момчиња, Лем и Исак, раскажана делумно во оф-тон, низ реалистичка нарација дополнета со фантастични елементи, во вид на флешбек, реминисценција, сеќавање на остарениот Лем. Во центарот на нарацијата е драмскиот судир во Домот за деца без родители, чии родители во Втората светска војна биле „пали душмани - кулаци, предавници, колаборанти“. Низ судирот, преку доминантните обележја на сталинистичкото општество, се спротивставени, од една страна карактеристиките на тоталитарните заедници: безбожноста, желбата за моќ, системот на полтронство кон претпоставените и суровост кон потчинетите, култот кон личноста на владетелот, лицемерието на моќниците, предавството, лагата, стравот итн.; а од друга страна, преку ликовите на двете момчиња, доблестите на невините: вербата во Бога, невиноста, пријателството, жртвувањето, вистината, храброста, итн. Копнежот по „големата вода“ е матафора за копнежот по слобода на човекот притиснат од нечовечните облици на доминантната општествена свест, но, на друго ниво, „големата вода“ истовремено е и метафора за сеопфатноста на сè што постои и што се слева во некој друг, повисок облик на постоење.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

Награди: 2005 Фестивалот на медитерански филм во Валенсија, Шпанија, „Златна палма“ за најдобар филм, награди за најдобра режија, Иво Трајков, најдобра фотографија Суки Мендечевиќ и најдобра музика Кирил Џајковски

Автори:


Други соработници: Ко-продуценти -- Блерим Дестани, Блаже Дулев, Анита Елсани, Ласто Николовски Кастинг директори -- Микола Хејко, Иво Трајков Шминка -- Халид Реџебашиќ 2 асс. на режија -- Киријана Николоска Сет дресер -- Јулијана Николовска Дизајн на звук -- Владимир Чреновски, Петр Пензес Гирицки Миксер -- Иво Хегер Тон снимател -- Ненад Вукадиновиќ Aсс. на камера -- Ѓорѓи Клинчаров, Марина Коловска Tранспорт менаџер -- Ташко Јосифов

Настапуваат: Александар Рибак, Гоце Дескоски, Марина Чакалова, Зоран Поповски, Оливер Трифунов, Борис Дамовски, Бранко Бенинов, Раде Шербеџија (гласот на стариот Лем во англиската верзија)

Постер:

Фотографии: