Биографија: (Белград, 30.9.1921 - 29.1.2005)
Филмски режисер и сценарист.
Завршил Архитектонски факултет во Белград. Со филм почнува да се занимава од 1946 година. Тој £ припаѓа на првата генерација повоени југословенски синеасти и се вбројува во најплодните југословенски режисери. Во неговиот опус има повеќе од 20 играни филмови, во коишто најчесто се јавува и како сценарист. Жанровската определба на Митровиќ е акционен филм, а по филмовите КАПЕТАНОТ ЛЕШИ и ПРЕСМЕТКА, станува познат како творец на таканаречениот југословенски вестерн.
За својата работа на филм добива голем број признанија и награди . Меѓу наградените филмови се вбројуваат: НЕВЕСИНСКА ПУШКА, МАРШОТ НА ДРИНА, УЖИЧКА РЕПУБЛИКА, ТИМОЧКА БУНА, МИС СТОН и други.
Награди: 1961 Специјално признание за негување на акциониот жанр во домашниот филм / „Солунските атентатори“
1961 ФЈИФ Пула, „Елен“ награда од публиката / „Солунските атентатори“
Филмографија:
1958:
Мис Стон
(
Режија,
)
1961:
Солунските атентатори
(
Режија,
)
1966:
До победата и по неа
(
Режија,
)