< Назад

Планината на гневот

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: социјален

Род: Игран филм

Времетраење: 81 минути

Тип: Филмска лента

Техника: вајдскрин

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1968

Содржина: По Втората светска војна, социјалистичката револуција и ослободувањето на земјата, настапува време на обнова. Тоа е и време кога се инсистира на колективизација на селските имоти. И во Западна Македонија се настојува да се спроведат новите идеи за развој на земјоделското стопанство и на сточарството. Претседател на селската задруга е Стамат, поранешен борец, кој со сиот свој жар и револуционерен елан работи и верува дека колективизацијата е единствен излез за сиромашниот селанец. На својот пат за подобра иднина тој се судира со отпорот на поимотните селани кои тешко се разделуваат од имотот. Наспроти тоа, Стамат се соочува и со решението на Околискиот комитет, планината што им обезбедува егзистенција и која што селаните ја сметаат за своја, да му се додели на Дрвниот комбинат. Настојувањето на Стамат решението да се промени е без успех. Тој чувствува дека неговиот револуционерен идеал е брутално изневерен поради нечии бирократски решенија. Во овие околности Стамат се соочува со вистината дека селаните не му веруваат, но и покрај тоа застанува на вистинската страна.

Награди: 1968 ФФ, Ниш, Специјални награди за актерите Дарко Дамевски, Ристо Шишков и Мара Исаја

Автори:


Други улоги:

Војислав Миќовиќ
Душан Бајчетиќ
Антон Павлов

Други соработници:

диригент -- Тома Прошев
музички соработник -- Глигор Паковски
асистенти сниматели -- Миле Ивановски; Ристо Буклевски
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
маскер -- Иван Лалиќ
финансиски раководител -- Благоја Кондратјук
реквизитер -- Ангеле Ќамиловски
гардеробер -- Иван Иванов
помошник режисер -- Душан Зега

Постер:

Фотографии: