Биографија: (Лазарополе, 24.09.1930 - Скопје, 11.01.1999) Писател, истражувач, сценарист. Една година учителствува во осмолетката во Ростуше, а потоа како вонреден студент на Филолошкиот факултет, работи како дописник на „Политика“, репортер во „Млад борец“ и во Радио Скопје. По завршувањето на високото образование докторира историски науки. Од 1958 работи во радио-телевизискиот медиум, директор е на драмата на МНТ и генерален секретар на Сојузот на писателите на Југославија, претседател и повеќегодишен секретар на ДПМ, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, уредник и член на повеќе редакции. Својата работна кариера ја завршува во Институтот за национална историја. Покрај раскази и романи, пишува и драмски текстови, како и филмски сценарија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: Златна арена на пулскиот фестивал за сценариото на филмот ДО ПОБЕДАТА И ПО НЕА.
Награди: 1966 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио / „До победата и по неа“
Филмографија:
1963:
Скопски репортер бр. 1
(
Соработник,
)
1963:
Скопски репортер бр. 2
(
Соработник,
)
1964:
Скопски репортер бр. 4
(
Соработник,
)
1964:
Скопски репортер бр. 5
(
Соработник,
)
1964:
Скопски репортер бр. 6
(
Соработник,
)
1964:
Кеј 13 Ноември
(
Сценарио,
)
1965:
Селидби
(
Сценарио,
)
1966:
До победата и по неа
(
Сценарио,
)
1969:
Време без војна
(
Сценарио,
)
1970:
Цената на градот
(
Сценарио,
)
1993:
Македонска сага
(
Сценарио,
)