< Назад

Грозданов Мите

Биографија: (Струмица, 14.12.1943 - Скопје, 25.11.2018) Театарски, филмски и телевизиски актер. По завршувањето на Театарската академија во Белград во 1967 година, Мите Грозданов станува член на Драмскиот театар во Скопје. Само една година подоцна, во 1968, е добитник на високото југословенско признание „Златен ловоров венец“ што се доделува на Фестивалот на малите и екпериментални сцени во Сараево. Добитник е и на Наградата на „Млад борец“, а награден е и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, и со Сребрена плакета на Фестивалот на монодрамата во Земун. Во 1984 година е прогласен за актер на годината според анкетата на ревијата „Екран“.

Филмографија:

1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1971: Црно семе ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Споредна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
2001: Варџии ( Режија, )
2001: Конче - манастирски центар во средниот век ( Режија, )
2003: Заборавени детски игри ( Режија, Сценарио, )
2005: Евангелие по ангели ( Актер, )
2016: Борба за смрт ( Главна улога, )