< Назад

Тодорова - Младеновиќ Зорица

Биографија: (Кавадарци, 8.6.1943 - ) Декоратер, моден креатор и филмски костимограф. Од 1963 до 1968 година студира на Високата школа за декоративни уметности во Париз и завршува на групата за декоратери, односно внатрешна архитектура, со специјализација на театарска, филмска и телевизиска декорација (сценографија и костимографија). Од 1968 година работи како костимограф во Радио телевизија Скопје, каде што направила повеќе модни ревии и костими за играни филмови, телевизиски драми, забавни и детски емисии. Во 1976 година оди на специјализација во Париз со стипендија од француската влада. На Високата школа на Синдикалната комора на париското шиење, ги усовршила правењето шнитови и моделирањето. Од 1979 до 1990 година е самостоен моден креатор во ПОС „Интекс“, каде што учествува во формирањето, а потоа и во работењето на Деловницата за мода и креации, преку која работи за повеќе текстилни индустрии, креирајќи колекции за производство, за саемски и др. штандови, ревии и пропаганда. Наставник е на ФЛУ во Скопје по предметот модно креирање. Од 1991 година добива статус на самостоен уметник. Како филмски костимограф, започнува да работи во 1967 година на играниот филм Мементо. Живее и работи во Скопје.

Филмографија:

1967: Мементо ( Костимографија, )
1971: Жед ( Костимографија, )
1972: Истрел ( Костимографија, )
1977: Исправи се, Делфина ( Костимографија, )
1981: Црвениот коњ ( Костимографија, )
1987: Хај-фај ( Костимографија, )
2010: Војната заврши ( Костимографија, )