< Назад

Прокопиев Трајко

Биографија: (Куманово, 06.11.1909 - Белград, 21.01.1979) Композитор, диригент и автор на филмска музика. Во 1934 година завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на пејачкото друштво „Мокрањац“ и како наставник во истоимената музичка школа во Скопје. Набрзо потоа оди во Лесковац, каде што работи како диригент. Заминува за Сараево, каде што го раководи српското пејачко друштво „Слога“. По ослободувањето е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје. Со желба да го продлабочи своето музичко образование, во 1946 година заминува на Прашкиот конзерваториум, каде што една година студира диригирање кај професорот Павел Дедечек. По враќањето развива мошне плодна активност како началник на Музичкото одделение на Радио Скопје, диригент е на Симфонискиот оркестар, диригент на Скопската опера и директор на ансамблот „Танец“. Во овој период се истакнува и како автор на филмска музика, а дебитира во 1948 година со музиката за документарниот филм ИЛИНДЕН. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела. Во негова чест е наречена наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело на македонските композитори.


Награди: 1977 Белград, Сојузна награда АВНОЈ за придонес во македонската кинематографија

Филмови: 1956 ПТИЦИТЕ ДОАЃААТ, диригент, документарен, Вардар филм 1961 ГРАДОТ НА ВАРДАР, диригент, документарен, Вардар филм

Филмографија:

1948: Илинден 1948 ( Музика, )
1951: Културен живот во Македонија ( Музика, )
1952: Фросина ( Музика, )
1952: Бели мугри ( Музика, )
1953: Приказна за човекот и овците ( Музика, )
1953: Мугра во полињата ( Музика, )
1954: Охрид ( Музика, )
1954: Илинден 1903 ( Музика, )
1955: Волча ноќ ( Музика, )
1955: Комитска легенда ( Музика, )
1957: Подарок од веселиот молер ( Музика, )
1971: Жед ( Музика, )