Биографија: (Гевгелија, 11.4.1925 - )
Филмски работник.
Од 1948 година започнува да работи во „Вардар филм“ како организатор во продукцијата на документарни филмови. Бележито е неговото учество како директор на првиот македонски игран филм „Фросина“. Со краток прекин (од 1955 до 1957 е во Извршен совет) работи во „Вардар филм“ сè до 1962, во својство на организатор на документарен и директор на игран филм. Правниот факултет го завршува 1964. Истата година преоѓа на работа во МРТВ Скопје, како еден од десетте основачи на оваа институција. По повод 20-годишниот јубилеј, во 1985 награден е со Плакета за заслуги за основање погон Телевизија. Од 1986 е пензионер.
Неговата филмографија би била видно поголема кога би биле наведувани неговите организаторски заслуги во продукцијата на документарни филмови. Овие филмови не го бележат неговото име на шпиците, но според Султански, голем дел од продукцијата на документарни филмови во времето кога тој работел во „Вардар филм“ е снимен со негово учество.
Филмографија:
1952:
Фросина
(
Директор на филм,
)
1954:
Илинден 1903
(
Организатор на снимање,
)
1955:
Волча ноќ
(
Директор на филм,
)
1955:
Ритам и звук
(
Организатор на снимање,
)
1958:
Мис Стон
(
Помошник директор на филм,
)
1959:
Три Ани
(
Помошник директор на филм,
)
1961:
Мирно лето
(
Помошник директор на филм,
)